Бараме да ни се даде можност да се чуе нашиот глас!

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот Синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот Институт за медиуми (МИМ), утре

(26.11.2015) во 11 часот Ве повикува на протест пред Клуб на пратеници каде заедно ќе го изразиме нашето незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

За нас, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот.

Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници.

Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието.

Ние како организации инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите.

Please like & share: