MRI снимките-Кајри Ирвинг
|Покрај MRI снимките кои покажуваат повреда во коленото на Ирвинг (knee tendonitis), тој вели дека ќе игра во вечерашниот 5. натпревар од серијата против Булс.
“Да беше за паузирање, јас не требаше да играм уште од пред четири натпревари. Не можам, едноставно не можам. Неможам да се погледнам себеси кога седам на клупата додека моите соиграчи се на терен.”
“Подобро би дал 30, 40 проценти отколку да не дадам ништо од себе. Знам дека можам да бидам ефективен и покрај повредата. Мојот шут можеби нема да биде добар, но ќе продолжам да играм, можеби ќе шутирам слободни фрлања (8-8 од линијата за слободни фрлања во 3. натпревар).” – вели Кајри Ирвинг.
Please like & share: