Pero Antic Slam

Низата на Атланта Хокс продолжува на 14 последователни победи, откако синоќа лесно ги совладаа Индијана Пејсерс со конечни 110-91.

Џеф Тиг го предводеше тимот со дабл-дабл од 17 поени и 11 асистенции, а Перо Антиќ имаше одличен настап со учинок од 12 поени (4-7 од поле, 3-5 за три поени) и 4 скока во 18 минути од клупата.

Мајк Баденхолзер и Стив Кер ќе ја имаат честа да ги предводат тимовите на Источната и Западната конференција соодветно на Ол-Стар натпреварот во Њу Јорк на 15. Февруари!

pero

http://www.nba.com/games/20150121/INDATL/gameinfo.html

Please like & share: